Гаши на тајна средба со Мицкоски во Собранието?

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Алтернатива, Африм Гаши вечерва се видени во Собранието, информира Клан Македонија.

Гаши при излегувањето од Собранието не ја демантираше средбата со лидерот на опозицијата Мицкоски.

Тој за КланМ изјави дека должност на лидерите и политичарите е да се сретнат за доброто на државата.

„Во Собранието имаме различни средби со сите лидери на политичките партии. Деновиве ќе имам различни средби и со пратеници. Во моментов зборуваме за главната намера да се постигнат уставните измени на бројка од 80 пратеници. Ова е многу важно за нас“, изјави за Клан Македонија, Гаши, излегувајќи од Собранието.

Поврзани новости