82
Најмалку пет лица загинаа кога автобус излетал од патот и се превртел на автопатот А9 во близина на Лајпциг, Германија.
„Пет лица загинаа во инцидентот“, потврдил за „Билд“ портпаролот на полицијата – Олаф Хоуп.
Автобусот сообраќал кон Минхен кога утрово околу 9:45 часот се случила несреќата.
Од засега непознати причини автобусот излегол од автопатот и се превртел.
Засега нема информации за идентитетот на починатите.
Автопатот А9 е целосно затворен во двата правци.