960
Капитенот на австриската репрезентација, Јулијан Баумгартлингер, смета дека македонската репрезентација е квалитетна, додавајќи дека нашата селекција е идеален противник за Австрија да тргне со три бода на претстојното Европско првенство.
„Мислам дека Македонија е добар тим, но и посакуван противник на отварањето. Тој натпревар ќе биде многу важен за нас. Голем оптимист сум и мислам дека ќе ја поминеме групата, имаме тим кој е гладен за успех“ – изјави капитенот на Австрија.
Мечот помеѓу Македонија и Австрија се игра на 13-ти јуни во Букурешт.