495
Австрискиот европратеник Андреас Шидер објави на Твитер дека изборите во земјава законски мора да се одржат на почетокот на јули.
„Северна Македонија ја прекина вонредната состојба. Тоа значи враќање кон парламентарната легитимност и граѓаните да одлучат за иднината. Според законот, изборите мора да се одржат на почетокот на јули“, напиша Шидер на твитер.
Тој, исто така укажува дека одржувањето на изборите е неопходен следен чекор.
„Одржувањето на изборите (под строги хигиенски стандарди) е неопходен следен чекор. Датумот е одреден согласно законот. Сите партии да се договорат за куса и фер изборна кампања. Тактички препукувања за датуми итн., се штетни за демократијата“, додава Шидер.