Тешка манипулација со емоциите на Албанците, рече Тачи за новата иницијатива на Ахмети за премиер Албанец

by Fokus

Тешка манипулација со емоциите на Албанците, ја нарече лидерот на ДПА, Мендух Тачи, иницијативата на ДУИ и Али Ахмети за прв премиер Албанец во Северна Македонија.

„Граѓаните одлучуваат кој ќе биде премиер. Премиер ќе биде тој што ќе победи на изборите, а Албанците можат да освојат најмногу до дваесетина пратеници. Затоа, ова што го зборува Али Ахмети е тешка манипулација со луѓето и со емоциите на Албанците оти нешто тој ќе направи. Тие се во мртов агол и ќе биде многу убаво да ги видиме како ќе се снаоѓаат во улога на опозиција“, изјави Тачи.

Тој смета дека изборите треба да се одржат на 5 јули.

Поврзани новости