Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека Австрија го ограничува патувањето од Италија, што е силно погодена корона вирусот.
Тој пред новинарите изјави дека Виена воведува „забрана за влез на луѓе од Италија во Австрија“, освен ако тие немаат потврда од доктор што ја потврдува нивната добра здравствена состојба.
На Австријците ќе им биде дозволено да се вратат од соседна Италија, но во двонеделен карантин дома.
Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека возовите и летовите од Италија за Австрија ќе бидат стопирани.
Ќе биде воведена гранична контрола и според него, ќе може да влезе само лице кое има потврда од лекар. Исклучок се превоз на товари што ќе биде под здравствена проверка.
Австрија исто така забранува настани на отворено со повеќе од 500 луѓе и затворени настани со повеќе од 100 лица, рече тој.
Почнувајќи од понеделник, се прекинува наставата на универзитетите и другите институции за високо образование.