438
Австриските власти повеќе нема да бараат потврда за вакцинација или заболување од Ковид при влез во земјата, како дел од промената на одредбите што ќе стапат на сила задутре.
И патниците повеќе нема да треба да покажуваат негативен тест за Ковид, според новите измени на прописите на Министерството за здравство од вчера.
Теоретски, оние кои доаѓаат во земјата од области каде што постојат варијанти на коронавирус треба да подлежат на одредени услови, но ова правило во моментов не се однесува на ниту една земја.