Австралиската биотехнолошка компанија Ена Респиратори соопшти денеска дека спрејот за нос кој го развива за подобрување на имунолошкиот систем на човекот во борба со настинките и грипот значително го намалува растот на коронавирусот.
Како што е соопштено, тоа е утврдено со неодамна направената студија врз животни.
Истражувањето кое го спроведувала Агенцијата за јавно здравје на Англија, извршено врз творови, покажува дека прозводот наречен Инна-051, кој би можел да се користи како дополнение на вакцините, го намалува нивото на вирус кој предизвикува ковид-19 и до 96 отсто.
Компанијата соопшти дека ќе биде подготвена да ја тестира Инна-51 врз луѓе за помалку од 4 месеци, откако ќе добие одобрение од регулаторите.
Во развојот на спрејот се вложени 8,24 милиони долари.