Австралија не им одобри виза на ,,Класико бенд”, одложена е турнејата

by Fokus

Популарниот ,,Клаиско бенд” кој требаше да замине на турнеја во поголемите австралиски градови ја одложи турнејата, бидејќи членовите на групата биле одбиени за виза. Како што информираат од ,,Арена Евентс”, одбивањето се случило еден ден пред планираното заминување на бендот.

-Со тага споделуваме дека турнејата ,,Класико бенд” што требаше да започне овој петок е одложена на неодредено време. Неочекуваното одбивање на виза од австралиската влада, добиено еден ден пред планираното заминување на бендот, не разочара. Целосните рефундации на билетите ќе бидат обработени веднаш. Искрено се извинуваме за непријатностите и навистина ја цениме вашата поддршка и разбирање-истакнаа од организацијата на настанот.

Бендот претходно ги најави своите настапи во Мелбурн, Перт, Сиднеј… Станува збор за музичка група која е доста популарна во Тиквешијата, но и пошироко и имаат редовни настапи со години наназад.

Познати се по богатиот репертоар за сечиј музички вкус, па затоа нивните настапи минуваат во одлична атмосфера, со многу гости.

Кога се настапите во Австралија во прашање, голем дел од нашата фолк естрада има редовни турнеји пред нашите иселеници.
Во декември ќе гостуваат Наум Петрески, ДНК и Пајак, а моментално во тек е и турнејата на Јордан Митев.

Најавени се новогодишни турнеји и на Адријана Кеш, Цаки Кисми, Анастасија Миторвска и ,,Маестрал” и многу други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости