Австралија ќе ги укине рестрикциите кога 80 отсто од граѓаните ќе бидат вакцинирани

by Fokus

Премиерот на Австралија, Скот Морисон, објави план за справување со коронавирусот со кој услов за отворање на границите и за ставање крај на карантините е 80 отсто од населението да биде целосно вакцинирани.

Австралија има ниска стапна на вакцинација, едвај 14 отсто од населението е целосно имунизирано, а Морисон, без да прецизира конкретен датум, вели дека верува оти до крајот на годината ќе се постигне таа цел.

-Роковите сега се во рацете на сите Австралијци, вели Морисон.

Австралија во март 2020 презеде ригорозни мерки за справување со ковид-19 кога речиси целосно ги затвори своите граници за посетители од странство и им забрани на своите граѓани да патуваат.

Шеснаесет месеци подоцна, по појавата на делта-сојот Австралија повторно се соочува со зголемен број на новозаразени. Околу шест милиони лица се во карантин, најголем дел во Сиднеј каде е најавено дека на улиците ќе излезе и војската за да ѝ помогне на полицијата во контролите дали се почитуваат мерките.

 

Поврзани новости