Строги мерки во Црна Гора: Во кафулиња и ресторани со тест или ковид-потврда

by Fokus 11:22
11:22

Кафулињата и рестораните во Црна Гора ќе бидат отворени од полноќ само со потврда за вакцинација, негативен PCR тест, брз тест за антиген или потврда дека гостинот се заразил со ковид-19 во последните шест месеци.

Истите услови важат и за влез во ноќни клубови и дискотеки, без оглед дали работат на отворено или во затворени простории, додека сите вработени во угостителските објекти мора да исполнуваат еден од овие услови.

- Advertisements -

Од приближно 1.100 пациенти во Црна Гора, речиси една третина се во Будва, град наречен црногорски главен град на туризмот. Од почетокот на годината, црногорските граници се отворени за туристи од ЕУ и источноевропските земји, така што земјата бележи значителен број туристи, што ги надминува очекувањата на владата на таа земја.

Црна Гора досега целосно имунизирала околу 37 проценти од возрасните. Според анализите на тамошните епидемиолози, од скоро 10.000 Црногорци заразени со коронавирус од 1 април, 98 проценти не биле вакцинирани со две дози од вакцината, додека 770 се заразени помеѓу првата и втората доза на вакцината.

 

 

Поврзани новости