Аврамопулос: Договорот од Преспа не е урамнотежен, затоа е проблематичен

by fokus

Двајца грчки еврокомесари, Димитрис Аврамопулос и Корина Крецу, во последните 24 часа излегуваат со дијаметрално различни ставови во однос на дебатата што за Преспанскиот договор и очекувањата од него се води во грчкиот Парламент.

Аврамопулос, како комесар за миграциска политика на ЕУ и поранешен грчки министер за надворешни работи изјави дека „Договорот од Преспа не е урамнотежен, а со тоа е и проблематичен“, додека Крецу, како евокомеасар за регионален развој, изрази надеж дека Договорот што поскоро ќе биде имплементиран.

-Едно е географска одредница за која сите влади се согласувавме, а друго е историска одредница што се обидува да се постигне преку Договорот. Националност и јазик значат национално постоење и даваат можност за иредентистички националистички политики, изјави Аврамопулос.

Тој додава дека Владата наместо да ги игнорира партиите, требала да се стреми кон национален консензус пред да го постигне договорот.

Поврзани новости