АВМУ: Кампањата за „прееманципирани“ жени е мизогинистичка и сексистичка

by fokus

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатираше дека спотови од заедничка кампања во сопствена продукција на Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, која, како што се вели во нив, е наменета за „сите пре-еманципирани жени“, се мизогинистички и сексистички.

-Кампањата претставува дискриминација врз основа на пол, ширење мизогинија и сексизам, што е флагрантно кршење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Трите радиодифузери кои ја продуцирале оваа кампања, се однесуваат на начин кој е непоимлив и целосно неспојлив со професионално однесување, велат од Агенцијата.

До трите радија се упатени известувања за констатираното прекршување на Законот, Извештајот од надзорот е достапен на веб страницата на Агенцијата, а ќе биде испратен и до Комисијата за заштита од дискриминација.

Поврзани новости