728
Авионот со кој патуваше рускиот опозиционер Алексеј Навални наместо на Внуково слета на аеродромот Шереметјево.
Првично пилотот најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми“, а потоа ги известил патниците оти авионот е пренасочен и оти ќе слета на московскиот аеродром Шереметјево.
Претходно, полицијата уапси околу 10 приврзаници на опозиционерот Алексеј Навални, кои го чекаат на аеродромот Внуково. Меѓу уапсените е и опозициската политичарка Љубов Собољ.
Приведени приврзаници на Навални кои го чекале на московскиот аеродром