1.7K
Приватниот комерцијален авион со германски ознаки, кој попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром е пронајден во село Кожле, јави 24 Вести.
Во авионот имало шест патници, а контролата за летови го изгубила од радарите во близина на Катланово,на десетина километри јужно од Скопје. Во надлежните аеродромски служби се јавиле повеќе жители од селото Кожле, откако слушнале силен удар и видела чад и оган во планините.
Италијанскиот авион од марката „Пајперс“е сопственост на Авиоклубот Тревизо, а е регистриран во Германија.
Летот на авионот започнал во Тревизо, Италија и се претпоставува дека крајна дестинација му била Приштина. Авионот најавил слетување на аеродромот во Скопје за да дополни гориво.