Авионите Рафал ќе летаат над Македонија, најави Ципрас

by Fokus

Денес имаме земја сојузник, земја чиј воздушен простор го заштитуваат авионите Рафал што ги земавме завчера, шесте Рафал ќе летаат над Македонија во рамки на договорот Грција да го надгледува воздушниот простор, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за грчката телевизија „Контра“, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за Договорот од Преспа и односите со Македонија, упати критики до актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис за неговата позиција пред да дојде на власт, дека се обидел да го „злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин“ и дека станува збор за обид за „екстремна политичка измама“.

-Мислам дека целиот грчки народ има сфатено, а во многу голема мера и луѓето кои на претходните избори гласаа за Нова демократија, дека случајот со несогласувањата, со отпорот на Нова демократија во однос на Договорот од Преспа беше обид да се злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин кој, во секој случај, има загриженост и чувствителност за националните прашања и беше обид за политичка измама. Екстремна политичка измама, истакна Ципрас.

Поврзани новости