Авион со 107 патници се урна во Пакистан

by fokus

Авион на пакистанската компанија Интернешнал Ервејс се сруши во Карачи на лет од Лахоре, потврдуваат воздухопловните власти.

Авионот за којшто се соопштува дека превезувал 99 патници и осим членови на посата, летал од Лахоре кон меѓународниот аеродром Јинах, еден од најфреквентните аеродроми во Пакистан.

Пакистанската војска соопшти дека војниците со своите сили брзо реагирале и вендаш пристигнале до местото на падот на авионот за да помогнат во спасувачката акција.

Оваа несреќа се случува само неколку дена откако земјата допушти комерцијални летови после блокадата поради корона вирусот.

Поврзани новости