Авион принудно слетал во Грција поради пијан патник

by Fokus

Авионот на компанијата „Тунис ер“ принудно слетал во Грција бидејќи во него имало пијан патник кој предизвикал нарушување, соопшти полицијата.

Според информациите, авионот летал од Истанбул за Тунис, но поради проблеми со пијаниот патник, морал да слета кај нашиот сосед.

Грчките служби пренесоа дека патникот бил уапсен откако предизвикал неред во авионот и ја загрозил безбедноста на патниците.

Поврзани новости