Авион прелетал низ цел Балкан без дозвола

by Фокус

Авион на компанијата „Бичкрафт“ со двајца патници синоќа прелетал низ воздушниот простор на Унгарија, Романија, Бугарија и Србија, без дозвола на овие земји, јавува Нова.

Авионот полетал од унгарскиот град Дебрецен околу 3 ипол попладне, за унгарски авиони и американски Ф-15 ки да го следат сѐ до заминувањето во Романија.

По Романија, во 19 часот вчера авионот влегол во Србија, за 9 минути подоцна да влезе во бугарскиот простор.

Бугарските власти моментално го истражуваат подрачјето на последната позната позиција, со цел да се идентификува леталото и да се утврдат деталите за неговата мисија.

Според романските власти, авионот не покажувал непријателско однесување.

Авионот што го премина романскиот воздушен простор на рутата што ги опфаќа Орадеа, Карансебес и Дробета-Турну Северин не покажа знаци на непријателско или опасно однесување.

Пилотот не одговорил на барањата за радио и визуелните сигнали од воените авиони кои го придружувале леталото во согласност со меѓународните правила“, се вели во соопштението на романското Министерство за одбрана.

Српските власти уште не коментирале во врска со авионот.

Порталот Нова не пишува каде се упатил авионот од неговото забележувaње во Бугарија.

Поврзани новости