АУЕ ФОН организира билатерална конференција “БГМК 2030“: Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво. Конференцијата ќе се одржи утре и задрутре.
Главниот настан ќе се одржи на 29 Јануари 2022 година (сабота) во холот на Универзитетот со почеток од 10:00 часот.
Главната цел на конференцијата е да се поттикне дебата за моменталната состојба, предизвиците можностите за граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво помеѓу двете држави Конференцијата се организира во два панели и предавање на известувачот на Европскиот Парламент за РС Македонија за студентите.
-Ве покануваме за присуството и учеството на конференцијата/дебатата и за учество на предавањето на известувачот на Европскиот Парламент за РС Македонија. Оваа конференција е основа за серија идни настани со цел да се обезбеди подобрување на состојбите во иднина преку заеднички и координирани делувања и проекти. , велат од АУЕ ФОН.