Американскиот Универзитет на Европа– ФОН, вчера попладне организираше свечено доделување на дипломи за студентите од прв и втор циклус на студии. Околу 300 студенти ги „фрлија“ капите, заокружувајќи дел од своето професионално образование. Во рамките на оваа свечена церемонија, АУЕ – ФОН со огромно задоволство ги награди и најдобрите студенти-првенци со признание за постигнатиот врвен успех.
„Низ годините поминати со нас, се соочивте со бројни предизвици. Се стекнавте со проширени и продлабочени знаења за научното поле за кое се определивте, со високо ниво на професионална компетентност за право, политички науки, криминалистика, безбедност, странски јазици, архитектура, спорт, економија, информатика и дизајн. Научивте како да го примените знаењето, научивте систематски и креативно да решавате комплексни проблеми од областа; сега веќе умеете и критички да пристапувате кон решавањето нови и мултидисциплинарни проблеми. Со ова знаење, квалитети, компетенции и вештини, вие сте овластени да барате нови можности со уверување дека можете да придонесете за подобрување на целокупната заедница. Сега имате алатки со кои поинаку ќе пристапите на вашата работа за поголема ефикасност и продуктивност. Тоа е моќта на високото образование“, изјави ректорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска која од името на целиот универзитет им се заблагодари на сите студенти кои го избраа АУЕ-ФОН и им посака многу успех во понатамошните професионални ангажмани.
Гости на церемонијата беа и матуранти од неколку средни училишта, кои изразија желба да видат како изгледа eдна свечена церемонија на доделување на дипломи по пример на светските универзитети, а тоа дополнително би ги инспирирало да се пријават на тековната кампања за рано пријавување, која е активна и овој месец.
ПР текст