Аудио снимка од Закаријаш: Северномакедонскиот јазик бил дел од бугарскиот

by fokus

Порталот Сакам да кажам објави аудио снимка од спорната изјава на португалската министерка за европски прашања Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик.

Португалската амбасадорка во земјава вечерва се обиде да демантира дека Закаријаш рекла дека македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик, но аудио снимката го покажа спротивното. Дури државната секретарка го користи терминот „The North-Macedonian language “, односно „северномакедонскиот јазик“.

Поврзани новости