Аудио снимка во која наводно се слуша како директорот на прилепската Општа болница „Борка Талески” ги повикува вработените да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, денеска протече во јавноста, откако тонскиот запис стигна до редакцијата на порталот „Публикум”.
Снимката наводно е направена на состанок во болницата каде , директорот, а воедно и координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, им препорачува да на вработените на избори „да не си прават проблеми” бидејќи како што им вели, сите се неспособни и немаат избор.
Интегрален текст од аудио записот:
„Излегла партијата во пресрет на сите, ни дала парче леб. Ако сме биле способни, можеме да бараме во приватно здравство, не знам други работи да си работиме, не требало од партијата да бараме вработување ако не ни е битно или ако сме биле способни. Никој овде не е вработен од шо е многу способен, туку од шо е партиски член. Да не си дозволиме да имаме проблеми…“