Уапсено малолетно момче во Битола

by Fokus

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Битола извршиле службен разговор со 17-годишник, поради основано сомнение дека на 28 декември 2021 година на ул.„Мордо Нахмијас Лазо“ во Битола со закана со остар предмет од Љ.Н.(20) му одзел личен накит, информираат од МВР.

– Лицето во целост го признало и појаснило кривичното дело, дел од украдениот накит е пронајден кај него и ќе биде вратен на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.

Поврзани новости