„Ацо Србине“ ечеше вчера на митингот од над 100.000 граѓани на српскиот претседател Вучиќ

by Fokus

Со извиците „Ацо Србине“ заврши синоќ големиот митинг во Белград на српскиот претседател Александар Вучиќ. Според проценките над 100.000 граѓани од цела Србија, пренесени со 3000 автобуси се слеаа вечерва во Белград, кој беше целосно блокиран.

На митингот говореа председавачот на Претседателството на БиХ Милорад Додик, премерката Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто и потполковник Драгутин Димчевски, кој е преставен како „херој од борбите на Кошаре“ во 1999 година на Косово.

На централно место беше говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ги повика граѓаните од цела Србија да се обединат околу сите важни прашања за државата и народот, бидејќи единството, како што кажа, и борбата за српските интереси, особено во Косово и во целиот регион, е од суштинска важност за посилна и економски стабилна Србија.

Тој ги коментираше и притисоците од Запад во решавањето на косовското прашање.

-Мојот одговор, нашиот одговор, одговорот на единствена Србија, без оглед на тоа што нема да биде лесно, е дека ништо нема да направиме…. не е нормално да се воведат такси за стоки во 21-от век и да се закануваат, да вршат притисок. Србија рече-повлечете ги таксите, ќе разговараме-кажа Вучиќ.

Поврзани новости