Српскиот пејач Ацо Пејовиќ го најави својот концерт во Охрид, кој ќе се одржи на трети август на стадионот Билјанини извори.
Музичарот кој е доста популарен на Балканот одржа неколку концерти во Скопје изминатиот период, и за секој негов настап се бара влезница повеќе.
Иако е на сцената со децении, неговата популарност нагло порасна по промоцијата на филмот ,,Тома”, посветен на легендарниот Тома Здравковиќ, каде Пејовиќ ги пее безвременските хитови од својот колега.
Како што информираат организаторите „Balkan Media Production“, Пејовиќ работел на нов албум, кој ќе го комплетирал овој месец.
Новиот материјал го создавал без брзање и временски рамки, а на него работеле Жељко Јоксимовиќ и Драган Брајовиќ – Браја.
Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од утре (петок).
Вики Клинчарова