Ацо Кабранов: Некој ми се јавуваше со измутиран глас и ми се закануваше, пријавив во МВР

by Fokus

Фејсбукс статус на Ацо Кабранов, новинар и уредник, во кој раскажува за јавувањата по телефон што во исказ ги спомна Орце Камчев на денешното рочиште.

Според Камчев, Боки 13 и Сергеј Варошлија со мутирани гласови преку телефон го малтретирале Кабранов и му се заканувале.

„Утрово неколку новинари ми се јавија да ми пренесат дека Камчев во сведочењето посочил дека Боки и Сергеј со мутирани гласови ми се јавувале и ми се заканувале. Во интерес на вистината неколку месеци имав такви јавувања од непознат човек кој се претсавуваше дека е од некакво истражно биро од Канада, ми го издиктира матичниот број и адреса и ми рече дека сум жртва на сајбер криминал. Јавувањата траеја неколку месеци и преку ден и во ноќните часови и секогаш беа како да ме бара Боки од неговиот број. Истото му се случуваше и на Боки како јас да го барам. Многу пати телефонот на Боки стоеше пред него на маса, а мене ми звонеше мојот телефон и се појавуваше неговиот број и секогаш истиот човек со истата приказна. Јас единствено се вознемирив што го знае мојот матичен број и мојата сметка во банка, плашејќи се да не ме задолжи некој. Пријавив во банката каде што имам сметка, а потоа и во МВР. Таму кај директорот на БЈБ бев со Боки бидејќи и него му се случуваше исто.

Признавам се вознемирив кога одејќи по скалите кон канцеларијата на директорот на БЈБ ми заѕвони телефонот и пак тој господинот со опеман дека не е добро што пријавувам во полиција. Директорот на сајбер криминал во МВР не сослуша и рече дека ќе провери и ќе се јави. Утредента ме извести дека од мобилните оператори добил инфо дека постоеле некакви апликации кои се купувале ефтино чина рече од Србија и така малтретирале луѓе и дека се немоќните да заштитат од тоа. Јавувањата продолжија со истата приказна и дека е спремен да дојде да ми пренел информации за што се работи. Секогаш го одбивав грубо дури и му се дерев да престане да малтретира. Јавувањата продолжија и по притворањето на Боки, последен пат пред 10-тина дена. Сега сум тотална збунка, не ми е јасно како стасало инфото и до сведокот Камчев. Не сум бил цел на закани, но бев вознемирен да не биде злоупотребена мојата банкарска смета и некој да ме задолжи па да морам да враќам.Сега ми е јасно дека се било фарса, од кој незнам, но сум бил како алиса во земјата на чудата, тоа е вистината, пишува Кабранов.

Поврзани новости