488
Рускиот ракометар Павел Атман во иднина ќе го носи дресот на европскиот првак Вардар. Тој „раскина“ со Хановер и ќе се приклучи на „црвено-црниот“ тим од Скопје.
„Мило ми е што добивам шанса да заиграм за Вардар. Важно е да немам проблеми со повредите и ако се случи тоа, ќе се вратам во старата форма“, истакна Атман.
Тој претходно во кариерата настапуваше за Металург две сезони, а играше уште и за Волгоград, Динамо Минск, Чеховски Медведи, Ел Јаиш, Мешков Брест.