364
Фудбалерот на Атлетико Мадрид и португалски репрезентативец Жоао Феликс изјави оти е фокусиран само на Светското првенство и додаде оти не размислува каде ќе ја продолжи кариерата.
Неговата изјава уследи откако член на раководството на Атлетико објави дека Феликс не сака да остане во клубот од Мадрид.
„Целосно сум фокусиран на Светското првенство. Мојот менаџер не ми зборува ништо за тоа што се случува, ниту, пак, сака да се ангажира околу тоа. Морам да останам фокусиран и да одиграм одлично“, рече Жоао Феликс.
Атлетико пред нешто повеќе од три години го донесе Феликс во своите редови од Бенфика за 127 милиони евра, а според шпанските медиуми, обесштетувањето за португалскиот репрезентативец сега изнесува дури 140 милиони евра.