Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

by Fokus

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена, Австрија, организиран од Групата на социјалисти и демократи (Socialists & Democrats) во Европскиот парламент.

– Прашањето денес е дали социјалдемократијата може повторно да го спаси и стабилизира светот? Дали можеме да обезбедиме економски просперитет и социјална стабилност и да ја заштитиме демократијата за идните генерации? Можеме ли повторно да го трансформираме општеството и да создадеме подобра иднина за нашата генерација и за нашите деца? Ова се тешки прашања што ги знам, а дебатата може да биде долга за ова, но за себе можам да кажам дека сум внимателен оптимист, како што сакам да кажам често. Тоа значи дека останувам со надеж за иднината, но работам напорно за да ги постигнам поставените цели. Чекор по чекор, полека но сигурно, работејќи кон подобро, праведно, слободно и инклузивно општество за сите, рече Ковачевски на почеток на своето обраќање.
Претседателот Ковачевски додаде дека овие прашања се суштинска тема и во земјава но дека со внимателен оптимистички пристап во изминатите 10 месеци видливи се опипливи резултати во услови на глобална криза.
-Во изминатите 10 месеци успеавме да ги надминеме предизвиците наметнати од светската економска и енергетска криза и практично да го спасиме и зачуваме капацитетот на македонската економија. Кога започна војната не беше јасно дали ќе има храна, струја, парно, нафта, дали ќе има доволно пари. Ова беше тешка ситуација за сите, но беше, и се уште е најпредизвикувачки за најранливите граѓани, додаде тој.

Моето ветување беше дека никој нема да биде оставен сам и никој не беше оставен сам во оваа криза, потенцираше Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и премиер потенцираше дека Владата којашто ја предводи се фокусирала на финансиски најзагрозените граѓани, пензионерите со мали пензии, самохраните родители, студентите и другите ранливи категории на граѓани додавајќи дека се реализирани два пакети антикризни мерки вредни 760 милиони евра, најголеми во регионот.

Поврзани новости