Општинскиот совет на Атина денеска го отфрли барањето на пратеникот на Златна зора, Илијас Касидијарис за издавање резолуција за поддршка на протестот во Атина.
Атинскиот градоначалник Јоргос Каминис, предложил барањето да се отфрли со објаснување дека референдумите и резолуциите го делат народот и шират омраза.
– Секој, кој поставува теми за референдуми и резолуции за името, единствено нешто што сака да постигне е да го подели грчкиот народ. Ја зајакнува омразата. Одговорна за управување со ова прашање е официјалната грчка Влада, имајќи ја наспроти неа демократската опозиција. Денес потребна е трезвеност и смиреност, рекол атинскиот градоначалник, според грчката новинска агенција, во неговото излагање и образложување зошто предлага да се отфрли барањето на Касидијарис.