Дамовски останува во притвор, Апелација ја одби жалбата

by fokus

Режисерот Борис Дамовски останува во притвор во истражниот затвор Шутка. Апелациониот суд ја одби неговата жалба по одлуката на Кривичниот суд кој му ја продолжи мерката притвор за уште 30 дена.

Дамовски прво беше во домашен притвор, но по жалбата на Обвинителството, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја преиначи претходната одлука и му определи 30 дневен притвор.

Осомничен е за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Поврзани новости