678
Атиџе Муратова, ѕвездата од документарниот филм „Медена земја“, празничните денови за Бајрам ги поминува во Бекирлија заедно со пчелите и со кучето. За порталот ММС.мк Атиџе раскажува дека не се плаши од новонастанатата ситуацијата со новиот коронавирус, туку повеќе се плаши од лошите луѓе. Таа изминатиов период била мета на крадци, кои ѝ украле дел од пчелите.
„Не се плашам од коронавирусот, како рекол Господ така ќе биде, мене повеќе ме плашат лошите луѓе. Бев кратко во Дорфулија, го менувам кровот на куќата, но повеќе сум во Бекирлија. И кога се вратив имам што да видам, 20 нови трмки, кои требаше да се населат со пчели беа скршени, а две трмки постари полни со пчели ми украле“, вели Атиџе.