Атентаторот на словачкиот премиер Роберт Фиц, призна дека пукал во премиерот на 15 мај и му нанел сериозни повреди, но тврди дека не сакал да го убие и нагласи дека како добар стрелец, целел да не си го загрози животот, пренесуваат денеска словачките медиуми.
Словачката ТВ ТА3 денеска го објави образложението на одлуката со која судот му одреди притвор на Јурај Цинтула во саботата, во кое се наведува дека Цинтула изјавил дека му е жал и му се извинил на премиерот што му го загрозил животот испукајќи најмалку четири куршуми во него.
„Сфаќа дека постапил на неприфатлив начин, дека не требало да го повреди оштетеното лице. Подобро да му ја предал книгата што му ја подготвил. Никој друг не знаеше што планира“, се вели во образложението на одлуката на Специјалниот кривичен суд во Пезинок.
Напаѓачот на премиерот рече дека решил да оди кај Хандлов два дена порано, кога од медиумите дознал дека таму ќе седне словачката влада, со чија политика не се согласува бидејќи, како што рекол, таа се однесува како Јуда кон Европската Унија и Украина, што тој сепак не го кажа пред судот, туку за време на сослушувањето веднаш по атентатот, во состојба на шок и без присуство на адвокат.