Сопствениците на домашни миленици имаат обврска да го вакцинираат својот домашен миленик против беснило, болест опасна по здравјето и животот на милениците и луѓето, порача директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, на одбележувањето на глобалниот ден за борба против беснилото – 28 септември.
– АХВ спроведува секоја година есенска и пролетна орална вакцинација со расфрлање авионски мамки кај лисиците над шумските простори, а обврска на сопствениците на домашни миленици е да ги вакцинираат – рече Атанасов.
Според него, минатата година во системот биле внесени над 3.045 домашни миленици вакцинирани против беснило, додка оваа година до септември во системот се внесени повеќе од 60.000 вакцинирани домашни миленици против беснило.
-Со вакцинација или заштитата на домашниот миленик против беснило сопствениците се штитат себе си и најмилите околу себе. Со здравствна заштита на домашниот миленик ја подобруваат и здравствената заштита и на околината и со тоа покажуваат дека се одговорни кон себе, најмилите и општеството – истакна директорот на АХВ.