Европската агенција за лекови денеска соопшти дека земјите треба да ја избегнуваат вакцината Астра Зенека против ковид-19 и за лицата над 60 години поради можност од ретка појава на згрутчување на крвта, објави Ројтерс.
ЕМА смета дека Астра Зенека е безбедна вакцина за сите возрасни групи, но неколку земји-членки на ЕУ престанаа да ја користат за младите или ја ограничуваат на лица на возраст од 50 до 65 години.
Оваа одлука ја донесоа земјите по евидентираните случаи на згрутчување на крвта кај помладата популација.
Лидерот на работната група на ЕМА за ковид-19, Марко Кавалери, изјави дека останува нивниот став дека користа од вакцината е поголема од можните ризици.
„Но, бидејќи инфекцијата се смирува и со оглед на тоа што младите се помалку изложени на ризици поврзани со ковид-19, веруваме дека ќе биде подобро за нив да користат вакцини развиени со mRNA технологија, како што се Модерна или Фајзер“, изјави Кавалери.