Заев: Иницијативата е во полза и на ЕУ, Македонија нема друга алтернатива од полноправно членство

by Фокус 13:18
13:18

Тоа што денеска го работиме не е алтернатива за полноправно членство во ЕУ, туку за да ги искористиме сите потенцијали и можности да го унапредиме животот во цел регион, рече македонскиот премиер Зоран Заев од Охрид, каде се оддржува вториот состанок во рамки на иницијативата за регионална соработка.

-Македонија нема друга алтерантива, а верувам и цел регион, од полноправно членство во ЕУ. Испраќаме позитивна порака до ЕУ да имаат уште поголемо внимание овде и да дадат можност за забрзување на процесот на интеграција. Ова е во полза на граѓаните од регионот, но и од полза на ЕУ – рече Заев.

- Advertising -

Тој посочи дека акцискиот план овозможува комплетно движење со лична карта на граѓаните од целиот овој регион, брзи траки за камионите низ граничните премини, меѓусебно признавање на сите документи од делот на агенциите за храна и ветеринарство до сите други административни институции кои ги работат документите…

– Сето ова ќе донесе многу попривлечен живот пред се за нашите граѓани, но ќе отвори и едно ново поглавје. Се надевам дека сите учесници во овој процес ќе ја прифатат оваа иницијатива затоа што таа носи добро за целиот Балкан, но и не факторизира пред западноевропските земји каде сакаме да се приклучиме – рече македонскиот премиер.

Поврзани новости