ВМРО загуби уште еден пратеник од коалицијата, Хасани од ДПТ ќе биде независен пратеник

by Фокус

Пратеникот на Демократската партија на Турците, Јусуф Хасани, денес во парламентот соопшти дека излегува од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе делува како независен пратеник.

Со тоа Хасани го следеше чекорот на лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, и на пратеникот избран како кандидат на ГРОМ, Чедомир Саздовски, кои неодамна почнаа да делуваат како независни пратеници, надвор од коалицијата на ДПМНЕ.

На тој начин се отвора простор за зголемување на парламентарното мнозинство, кое се оддржува на стаклени нозе.

Поврзани новости