699
Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го предложи Максим Ацевски за главен државен ревизор.
Ваквиот епилог следува откако членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дошле до општо прифатливо решение да го предложат Ацевски за нов главен државен ревизор од 12-те пријавени кандидати.
Тој е дипломиран економист од Велес, кој во ДЗР е од 2001 година до денес, а честопати во медиумските настапи зборувал за потребата од зајакнување на капацитетите на заводот.