СДСМ: ВМРО да ги остави институциите да го решат убиството на Јанушев

by Фокус

Сокривањата, заштитата и заташкувањата убиства, инциденти и криминали што беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ завршија со ослободувањето и професионализацијата на државните институции.

Вака реагираше владејачкиот СДСМ по прес-конференцијата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, кој праша дали истрагата за убиството на Мартин Јанушев во Аеродром се одолговлекува поради блискост на убијците со власта?

„Наместо очајнички да се обидува да привлече внимание со ширење лажни вери, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави надлежните институции да ја работат својата работа и до крај да ги расчистат сите незаконски дејствија“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости