Теута се пофали дека со помош од владата конечно го решила проблемот со депонијата

by Фокус

Овој простор што долго време беше користен како претоварна станица, а потоа и се претвори во дива депонија, сега е целосно исчистен, дезинфициран и ќе се развива согласно веќе донесениот детален урбанистички план, истакна градоначалничката на Тетово и потпретседателка на ДУИ Таута Арифи, на средба со претставници од невладини организации на местото од поранешната дива депонија.

-За оваа цел ние работевме напорно најпрво со стабилизирање на јавното комунално претпријатие што пред четири години го затекнавме во многу незавидна состојба, потоа со ставањето во погон на транфеср станицата на патот за Требош и отпочнувањето со градба на објкетот за секундарно рециклирање на сметот во правец на Фалиште. Со добиената помош од Владата, и конечно ја расчистивме претоварната станица – рече Арифи.

Таа потенцираше дека овие се долгорочни решенија што заедно со решавањето на статусот на регионалната депонија во гостиварско Русино ќе придонесат овој простор никогаш повеќе да не стане огромна дива депонија.

Поврзани новости