Коце предлага забрана за автомобили на Водно во викендите

by Фокус 16:38
16:38

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден градоначалнички мандат предложи забрана на движење на приватните возила за време на викендите на Водно, заради, како што рече, зголемување на безбедноста на посетителите и поголема заштита на Парк-шумата.

-За реализација на проектот ќе се обезбеди бесплатно паркирање на паркинг-просторот пред НИП „Нова Македонија“ и во катната гаража „Македонска фаланга“, а ЈСП ќе обезбеди поредовни автобуски линии до Средно Водно и назад – објасни Трајановски.

- Advertising -

Поврзани новости