Спасов: ВМРО-ДПМНЕ преку иницијативата за мигрантите пребројува сигурни и обележува неопределени гласачи

by Фокус

Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи во секое населено место против населувањето мигранти кои не постојат е всушнист иницијатива за пребројување на сигурните гласачи на партијата пред претстојните локални избори, смета политичкиот аналитичар Ѓорги Спасов, кој е поранеше висок партиски функционер на СДСМ и државен функционер од редовите на партијата.

-Ова е веќе испробан метод од времето кога се собираа потписи во 2005 година за распишување референдум против новата територијална поделба на општините.
Сите што се потпишуваат оставаат свое име презиме адреса на живеење и број на лична карта, па во време на кампања секој од потпишаните се повикува да излезе и да гласа за каузата на партијата. Овој метод е и одлична алатка за контрола и увид во работата на секое од општинските раководства на партијата, но истовремено и за вршење притисок врз оние што не се потпишуваат, а добиле некаква услуга или привилегија од партијата. Односно, за обележување на неподржувачите и на неопределените – смета Спасов.

Според него, СДСМ не треба да ја потценува таквата мобилизација за “одбрана од мигрантите” туку, порачува тој, и СДСМ можеби треба да почне да собира потписи за распишување на референдум за формирање на посебно судско одделение кое ќе ги суди обвинетите од СЈО или пак за референдум за забрана за користење на историското име ВМРО во името на било која партија.

Поврзани новости