402
Едно лице загинало во престрелката што денес по 18 часот се случи во близина на седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица.
Весникот на албански јазик Коха, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека убиениот е Наип Реџепи од Куманово
Од Клиничката болница во Тетово ја информирале полицијата дека кај нив биле донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.
Порталот на албански јазик Шкипмедиа, пак, објави дека се работи за престрелка меѓу припадници на ДУИ од Скопје и Куманово.
Во врска со случајот, МВР привело две лица.