Судијата кој ја води кривичната постапка во случајот „Ровер“ излегува од неговите надлежности и во се меша во работењето на затворската управа со оценката дека нема законски пречки Љубе Бошкоски да биде пуштен на слобода, реагираат од Казнено-поправниот дом Идризово на чело со директорот Живко Пејковски, додавајќи дека тоа може да го сторат само со решение од судовите.
„И после 3,6 години зошто го одложува рочиштето за 22 овој месец, притоа издава и наредба за задолжителен спровод на Бошкоски на закажаното рочиште. Дали сум должен како граѓанин, а потоа и како директор да почитувам судска наредба? Со сета сила и по моја волја, ниту сум упатил некого на издржување на затворска казна ниту, пак, можам без решение од судот некого да ослободам“, стои во реакцијата на КПД Идризово.