Државата премногу долго се наоѓа во процес на политичка криза што негативно се одразува како врз политичките процеси, така и врз економијата и стандардот на граѓаните, рекол претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски на денешната средба со Лукас Холуб, шеф за политички односи на Канцеларијата на ЕУ.
-Потребен е политички дијалог за надминување на разликите во однос на клучните процеси во државата, а за негово воспоставување потребна е добра волја од сите учесници. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да поддржи секое решение и реформски процес за кое ќе оцени дека е во интерес на државата и јакнење на демократските процеси, но дијалогот е двонасочна улица и потребна е активност и добра волја од страна на власта преку конкретни чекори со кој ќе ја потврди сериозноста во пристапот – изјавил Мицкоски.
Како што соопштија од ДПМНЕ, тој се пожалил дека „политичките прогони кои ги спроведува актуелната власт ја уназадуваат државата и го отежнуваат демократскиот процес“.