Лашкоска до Костадинов: За што ќе се фатевте, ако беше скршен друг дел од телото на бикот?

by Фокус

Зборуваш за непостоечки амандман, реагираше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска до колегата од СДСМ Костадин Костадинов, кој претходно објави амандман потпишан од Лашкоска, според кој се бараат 100.000 денари за обнова на опашката на бикот на улица Македонија, во центарот на Скопје. Според Лашкоска, не станува збор за амандман, туку за провокација.

„Замислете да беше скршен друг дел од телото на бикот, за што ќе се фатеа Костадин и СДС? Денес се потврди тоа што со денови на назад веќе од изјавите кои ги даваш се читаше, те одбрале тебе твоите да те пуштат по вода. Те носи веќе водата. Зборуваш за непостоечки амандман. Те прелажале твоите. Пепел сторивте се од крадење, но има и нешто добро во овој ребаланс, последен ви е! П.С. погоре мислев на, пример, на роговите од бикот“, напиша Лашкоска на фејсбук.

Поврзани новости