Американскиот републикански конгресмен Кристофер Смит, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека побарал Конгресот да ја истражи улогата на американската амбсада во земјава на чело со Џес Бејли откако кредибилен извор од Македонија му предочил оти амбасадата поддржувала левичарски медиуми и невладини организации кои, според него, заземале страна на изминативе избори.
-Јас испратив писмо на 17 јануари, попишано од уште петмина мои колеги и ние се уште немаме добиено одговор од Стејт департментот. Немаме одговори на прашањата што ги поставивме, а ние гледаме вознемирувачки информации кои сугерираат дека САД и посебно амбасадорот Бејли заземаат стран. Тоа би било погрешно. Знаете, една работа е да притискате, а една од работите со кои Хелсиншката комисија и ОБСЕ се гордеат е да се осигураат слободни и фер избори кога се случуваат, но никогаш не заземаме страна. Станува збор за американски пари и американски фондови – вели Смит.
Инаку, откако Смит со уште 5 конгресмени побараа истрага за Бејли, американскиот Стејт Департмен му изрази поддршка на амбасадорот на САД во земјава. Инаку, Смит, кој е дел од Конгресната група за Македонија, неодамна оствари средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на која изрази импресионираност од, како што рече, неговото лидерство. Притоа, тој побара новиот американски претседател да го стави меѓу приоритетните прашања зачленувањето на земјава во НАТО.
-Што се однесува до дејствувањето на Груевски импресиониран сум од неговото лидерство. Тој е човек кој сака да и донесе на државата подобра иднина, при што има зад себе има и добри резултати и е посветен кон градење на демократско општество. Во однос на изборите што престојат во Македонија, се надевам дека она што го сакаат граѓаните ќе биде и резултат од изборите – рече неодамна Смит.