Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешниот митинг во Гостивар ги праша жителите на овој град дали новата влада набавила барем еден апарат за градската болница?
-Тие апарати, драги пријатели, се наменети за сите граѓани, и за Македонците и за Албанците и за Турците и за Ромите и за Власите, Бошњаците, Србите. Ние никого не делевме и никого не делиме. Ние се грижевме и ќе се грижиме за сите. Тие што работат, работат за сите. Тие што не работат, не работат за сите. Нема нови апарати ни за Македонците, нема нови апарати ни за Албанците, ни за Турците, ни за Ромите, ни за никој. Тој што го бива, го бива да помогне на сите. Тој кој не го бива, никој да не очекува ни помош, ни аир, ни нешто да заврши, ни за него, ни за неговата општина, ни за неговиот град, ни за неговиот етникум, ни за неговата верска заедница, ни за неговата држава, Република Македонија – посочи Груевски.
Тој вети преполовување на невработеноста до крајот на следната декада.