531
Граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница, се уште e затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци.
Од АМСМ информираат дека на граничниот премин Дојран поради зголемена фреквенција има задржувања од најмалку еден час, додека на останатите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, со тоа што на места има влажни коловози, а дополнителна отежнувачка околност е густата магла со видливост од 50 до 100 метри на патните правци Тетово, Скопје и Катланово.